Почина Жак Ширак, поранешниот претседател на Франција

Сподели

 

Поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак, почина изутринава во 86-тата година во животот.

Жак Ширак беше претседател во два мандата. Првиот мандат му беше од 1995 до 2002 година, а вториот му продолжи до 2007 година.

Ширак политички се ангажираше во 1950-ите години како член на Комунистичката партија на Франција. Тој водеше силна кампања во Франција против американската инвазија на Ирак во 2003 година и по тоа што работеше на прифаќање на колективна одговорност за страдањето на Евреите во Франција за време на Втората светска војна, кога од таа земја во нацистичките логори на смртта беа испратени околу 76.000 Евреи.

Пред тоа, Ширак бил градоначалник на Париз. Негов претходник на претседателската позиција беше Франсоа Митеран, а го наследи Николас Саркози.