Вести Македонија Ударни вести

Почна реконструкцијата на стационарот Вардариште

Сподели:

 

Денеска во стационарот „Вардариште“ започнаа градежните активности на двата објекти, со демонтажа на веќе постојните метални боксови и елементи. Истите ќе бидат комплетно заменети со нови по современи стандарди во служба на основните потреби и благосостојба на бездомните животни кои ќе бидат дел од новата програма.

 

 

Со денешните активности ќе се ослободи простор за слободен, непречен влез и функционирање на градежната механизација согласно со проектната документација за реконструкција, санација и адаптација.

Досега со стационарот „Вардариште“ стопанисуваше ЈП „Комунална хигиена“, а сега за  заловените уличните животни ќе се грижи  новоформираното претпријатије „Лајка“.

 

 

Ново јавно претпријатие „Лајка“ ќе има  целосно нов концепт и пристап кон решавањето на проблемот со уличните животни и нивниот третман и благосостојба -се наведува во соопштението на Град Скопје.

 

Сподели: