Вести Македонија Свет Ударни вести

Почувствуван земјотрес во јужните делови на земјава

Сподели:

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на РС Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 138 километри јужно од Скопје – во Грција, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

Земјотресот се случил во 6.48 часот, со локална Рихтерова магнитуда M L 3.1. Според досегашните податоци, бил почуствуван во јужните делови на Македонија со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Сподели: