Вести Македонија Ударни вести

Поголема плата од 5% за вработените во јавниот сектор

Сподели:

 

Со 82 гласа „за“ Собранието ги усвои измените на Законот за исплата на плати со кои септемвриската плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за пет отсто.

Зголемена плата за 5% ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната и целиот јавен сектор.

Претходно од Владата напоменаа дека зголемувањето на платите на администрацијата е насочена кон подобрување на животниот стандард на граѓаните и дека септемвриската плата, со покачувањето, ќе биде исплатена во законски предвидениот рок.

Сподели: