7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има доцна попладне и во текот на ноќта кон петок, а локално ќе наврнат и над 30 литри на метар квадратен. На некои места ќе биде нестабилно облачно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 16, додека дневните ќе достигнат од 18 до 28 степени.

Во Скопје слично време, со температури од 13 до 26 степени.

Сподели: