
Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира на сѐ почестите случаи каде деца и малолетници се злоупотребуваат за политички цели во пресрет на локалните избори.
На социјалните мрежи се појавуваат бројни фотографии и видеа во кои деца се користат во изборни кампањи — нешто што не е во нивен интерес и е забрането со Законот за заштита на децата, Конвенцијата на ООН за правата на детето, Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација.
Според член 12, став 4 од Законот за заштита на децата:
„Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.“
Хелсиншки Комитет апелира до институциите, политичките партии, медиумите и родителите, наместо злоупотреба, да се создадат услови за нивен развој, образование и достоинствен живот.


