Политичко-медиумски пекол и мафијашки трилер – Џабир ДЕРАЛА

Сподели

***

Македонско лето 2019… Политичко-медиумски пекол и мафијашки трилер. Сѐ што можеше и не можеше да се замисли, се случи летово. Една од иконите на граѓанскиот отпор против диктаторчето, Катица Јанева, првиот човек на СЈО, е под лупата на јавноста и на Јавното обвинителство во скандалот кој погрешно е наречен „Рекет“. Погрешно, бидејќи се работи за поткуп, во кој еден криминалец им дава пари на други криминалци за да се спаси од затвор (трговија со влијание). Вемерото влезе во офанзива, помогнато и од неколку нови центри на моќта (допрва ќе се појавуваат уште). Тајните служби од целиот регион работат со полна пареа. Само руската машина држи стабилно агресивно темпо, за тоа барем да не се „секираме“.

Кревките фундаменти на тоа што треба да биде демократија и слобода секој ден се под сѐ пожесток напад. Еднаквоста исчезна од равенката, пред воопшто и да добие шанса. Владеењето на правото сѐ уште се бори со криминалот кој има чудовишни димензии, пострашни од тоа што било кој мислеше.

Сѐ што вирее на тезгите и под тезгите на македонскиот политички и општествен бувљак се вклучи во летната офанзива, прва од многуте што ни претстојат. Експерти за сѐ и сешто, невладини фолиранти, медиумските паразити и илјадници партиски тролови и влечни коњи и волови… Сите! Во бескрајните строеви застанаа и сите што не добиле шанса да се закачат на цицката на новата власт, па сега, онака „разочарани“ зедоа „пушка в рака“ и „сменија страна“. Тие се неспоредливо погласни, а ги користат токму аргументите на критичарите на власта што со своите ставови и анализи се обидуваат да бидат учесници во демократската гласност за подобрување на состојбите.

Колумната на Дерала за Цивил.мк во целост прочитајте ја тука.