Вести Македонија Ударни вести

Катица Јанева спроведена во Идризово

Сподели:

 

Катица Јанева е спроведена во затворот Идризово.

Поранешната шефица на СЈО треба да ја отслужи затворската казна од седум години. Таа досега беше во куќен притвор во родната Гевгелија, но откако Апелација и ја одби жалбата и ја потврди првостепената пресуда, гевгелискот суд издал упатен акт таа да биде спроведена во затворот Идризово.

Вчера во затвор беше однесен и Бојан Јовановски, попознат како Боки 13. Двајцата се осудени во случајот „Рекет“, за изнуда на над еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев. Адвокатите на Јанева најавија жалба до Врховниот суд, но истата не го одложува одењето во затвор. Сега и Боки 13 и Јанева имаат право да побараат прекинување на издржување на затворската казна, а дали ќе биде прифатена ќе одлучи Кривичниот суд.

Сподели: