Полуфинална треска во европскиот фудбал

Сподели

Жрепката што ќе се одржи во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион, ќе започне во12.00 часот, со извлекување на двојките во Лигата на шампионите

Утре ќе бидат извлечени двојките за полуфиналето во Лигата на шампионите, како и за Европската лига на УЕФА, јавува Anadolu Agency (AA).

Жрепката што ќе се одржи во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион, ќе започне во12.00 часот, со извлекување на двојките во Лигата на шампионите, додека двојките за Европската лига ќе бидат извлечени во 13.00 часот.

Првите полуфинални натпревари во Лигата на шампионите, каде што двојките се Реал Мадрид – Атлетико Мадрид, Јувентус – Монако, ќе се одиграт на 2 и 3 мај, а реваншните дуели на 9 и 10 мај.

Од друга страна, првите полуфинални натпревари на Европската лига ќе се одиграт на 4 мај, а реваншните мечови на 11 мај.

Во жрепката на двете фудбалски организации ќе можат да се соочуваат клубови од иста земја