Попладне се очекува пороен дожд со услови за град

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме со услови за појава на град. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени. UV=8

 

 

Во Скопје сончево и топло, доцна попладне ќе има услови за пороен дожд проследен со грмежи, во делови од котлината и во вид на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 34 степени.

И утре попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.