Поради финалето на СП во Катар ФИФА менува три правила – Овие новини нема да им се допаднат на навивачите!

Сподели

Loading

ФИФА е свесна дека фудбалот не им е толку интересен на помладите генерации, кои немаат трпение да „седат два часа и да гледаат натпревар во кој понекогаш нема ни гол“, па постојано бара правила кои ќе придонесуваат играта да биде поатрактивна.

фото: PROFIMEDIA

Постојано се зборува за иновации кои ги плашат традиционалните фудбалски фанови, па во последно време многу се зборува за стоперката – односно за мерење на изгубеното време.

Засега ФИФА не планира да направи ваква драстична промена, но претседателот на оваа организација Џани Инфантино објасни дека судиското обештетување во иднина ќе биде значително подолго како што беше на Светското првенство во Катар.

„Мораме да се бориме против губењето време. На последното Светско првенство видовме дека голем број минути се компензираа токму поради оваа причина. Сакаме додавањето на потребното време да биде универзално и доследно правило. Сакаме сите судии да знаат дека сите мора да додадат изгубено време поради повреда, измена…“, изјави Инфантино, а потоа додаде уште една важна работа:

“Не можеме и не смееме да ги укинеме прославите на головите. Тие мора да продолжат бидејќи тоа е поентата на фудбалот, но ќе треба да се додаде изгубеното време. Правилата на фудбалот се универзални и мора да се применуваат до крајот и во текот на целиот натпревар”.

Освен ова, ФИФА се подготвува и за некои други промени. Веќе нема да има драма ако заменските играчи влегуваат на теренот додека се постигнува гол (што беше драма во финалето на Светското првенство во Катар каде и двајцата се жалеа), додека друго правило е инспирирано од најважниот натпревар во 2022 година.

Воведување на Анти – Правило Мартинез, по примерот на голманот на Аргентина кој им пречеше на играчите при изведувањето на пеналот.

Исто така, едно од најважните новитети е што повеќе нема да се доделува офсајд кога фудбалер ќе ја прими топката откако противникот намерно играл со неа, дури и ако тоа е направено со рака.

The post Поради финалето на СП во Катар ФИФА менува три правила – Овие новини нема да им се допаднат на навивачите! first appeared on .

Powered by WPeMatico