Посетете ги куќичките за размена на стари книги

Сподели:

Култура Бета наполни неколку куќички за книги кои се поставени на повеќе локации низ Скопје, како дел од акцијата „Ослободи ја домашната библиотека! Ослободи ја младинската култура!“

“Дел од старите книги кои ги добивме како донации минатите две години сега имаат нов дом и се достапни за сите вас, низ градот!

Посетете ги куќичките за размена на стари книги пред Културно информативниот центар – Скопје и пред Детскиот културен центар „Карпош“ и земете си некои од светските класици, македонската проза, лектирите, книгите за деца и млади или поетските збирки! И секако – оставете други книги за оние кои ќе дојдат по вас!

Наскоро ќе ги дополниме и куќичките во Градскиот парк и на други локации низ Скопје”, информираат од Култура бета.

Сподели: