Едукативно со semaforko.mk – веб страна за сообраќајна едукација на децата

Сподели:

 

Во услови кога надлежните институции препорачуваат ограничено движење на децата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  со препорака до родителите да бидат активни, креативни и да го исполнат времето на децата со едукативни активности и едукативни содржини. Ова е време кога можете и треба  да поработите заедно со децата и да ги научите како треба да се однесуваат со цел да бидат безбедни во сообраќајот. Во таа насока потенцираме дека сообраќајната едукација на децата никогаш не е доволна и никогаш не е досадна.

Согласно тоа РСБСП препорачува да се користи веб страната  за деца  https://semaforko.mk/ каде што децата на креативен и забавен начин може да научат многу нешта за патниот сообраќај.

Поточно, на веб страната ќе најдете:

  • совети за децата за безбедно учество во сообраќајот
  • боенки со мотиви од сообраќајот
  • сообраќајно едукативна литература за деца
  • едукативни видео спотови за деца
  • тест за проверка на знаењето од областа на сообраќајот
  • корисни совети за родителите
  •  други креативни содржини

Време е да се обноват знаењата во сообраќајот.  Безбедни учесници во сообраќајот уште од најрана возраст.

semaforko.mk

#УЧИМЕСООБРАЌАЈ

Сподели: