Организаторите на иницијативата „Разговори за иднината во 12:05“ го обвинија раководството на СДСМ и Венко Филипче за лошиот изборен резултат и освоеното четврто место во Општина Брвеница. Тие побараа Филипче да го прифати нивниот план за структурни реформи и упатија критики дека партијата се бетонира во политички аутсајдер.
„После скандалите со Ива Михајлова и Артан Груби, кои се случија за време на предизборната кампања, раководството на СДСМ имаше реална можност да направи пресврт. Но, наместо на терен вистински да се бори против власта, Венко Филипче секојдневно измислува нови лаги. Четвртото место на СДСМ во Брвеница е директна одговорност на актуелното раководство, кое продолжува да ги игнорира предупредувањата за состојбата во партијата.

Изборниот резултат и на кандидатот Јовица Радески, за кого наведуваат дека бил доведен пред свршен чин откако претходно неколку истакнати членови не ја прифатиле кандидатурата.
„СДСМ во Брвеница освои 225 гласа повеќе во споредба со 2025 година, но кандидатот за градоначалник добил 57 гласа помалку од гласовите што ги освоила советничката листа на СДСМ пред една година. Ваквите резултати се уште една потврда за агонијата во која се наоѓа партијата.
Се потврди уште еднаш дека ова раководство на СДСМ е соизвршител во највалканиот политички дил во историјата. Венко Филипче е полномошникот кој единствено има овластување да го држи СДСМ во заложништво и така да му испорача на ВМРО-ДПМНЕ уште една победа на парламентарни избори во замена за слобода“, обвинуваат од „Разговори за иднината во 12:05“.
„Уште што треба да му се случи на СДСМ за тој и неговата фракција да разберат дека треба веднаш и без одлагање да ја напуштат ‘Бихаќка’?“ прашуваат организаторите.
„Пред да стане предоцна, Венко Филипче треба уште еднаш да го прочита и без обиди за пазарење конечно да го прифати нашиот план за структурни реформи во СДСМ“, порачуваат организаторите од „Разговори за иднината во 12:05“.


