Постигнат е договор помеѓу Трамп и Зеленски

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува неговиот украински колега Володимир Зеленски во Вашингтон да го потпише договорот за право на 500 милијарди долари од потенцијалниот приход од користењето на природните ресурси, оваа недела, откако двајцата лидери разменија силни зборови еден за друг.

Без да потврди дека е постигнат договор, Трамп претходно рече дека во замена за договорот Украина ќе добие „можност да ја продолжи својата борба“.

„Тоа е она што јас го работам. Јас склучувам договори“, рече Доналд Трамп на неговата прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот. „Целиот мој живот е договори“.

Украина има огромни наоѓалишта на критични елементи и минерали, вклучително литиум и титаниум, како и големи наоѓалишта на јаглен, гас, нафта и ураниум – резерви вредни милијарди долари.