Вести Македонија Ударни вести

Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк

Сподели:

 

Студентите кои аплицираа на повикот на МОН, за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и ги исполнија условите по овој основ,  на своите трансакциски сметки добија средства во износ од по 6.480 денари. Станува збор за речиси 29 илјади студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец септември и за октомври и ноември. 

Останатите студенти кои не го остварија правото на субвенциониран студентски оброк, имаат можност да поднесат приговор на електронската адреса subvencioniran.obrok@mon.gov.mk

Потсетуваме дека на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации.

Сподели: