Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МВР, Јавно Обвинителство и Царинска управа

Сподели

 

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потпиша трилатерален Меморандум за соработка во областа на криминалот поврзан со огнено оружје помеѓу Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Царинската управа на РС Македонија, а со цел зајакнување на соработката помеѓу трите најповикани институции во државата за гонење на криминалот поврзан со огнено оружје.
 
Притоа, меморандумот ќе резултира со формирање на заедничка Работна група која ќе се грижи за негова имплементација и за унапредување на размената на информации и заеднички истраги за сузбивање на криминалот поврзан со огнено оружје, негови делови и компоненти, муниција и експлозиви.
Меморандумот во име на институциите го потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Јавниот обвинител на РС Македонија Љубомир Јовески и со овластување од генералниот Директор, Директорот на Секторот за контрола и истраги од Царинската Управа, Саша Огњеновиќ, а е организирано од Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите Нации – УНОДЦ, преку својата програма за огнено оружје – ГФП.
 
“Посебна благодарност на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал за извонредната иницијатива што заеднички успеавме да ја преточиме во Меморандум за соработка, да истакнам дека можеме реално да очекуваме дополнителен позитивен исчекор во институционалното справување со нелегалната тргвија со оружје. Дотолку повеќе што сите ние и во изминатиот период еднодушно ја демонстриравме нашата заедничка заложба за целосно почитување и спроведување на законите и на  градење на објективни вредности што го карактеризираат владеењето на правото, како фундамент на општественото постоење”, изјави министерот Оливер Спасовски.