Потврден првиот случај на корона вирусот во Германија

Сподели

 

Во Германија е потврден првиот случај на коронавирусот, пренесува МИА.

Канцеларијата за здравство во Баварија потврди дека со вирусот е  заразен жител на Штарнберг,  место на триесет километри од Минхен. Пациентот засега е во добра состојба и е под надзор на лекар. Засега не се објавени детали за пациентот, на која возраст е, ниту неговата националност.

Луѓето кои биле во контакт со пациентот биле информирани за можните симптоми на болеста и мерките што треба да ги преземат доколку се промени нивната здравствена состојба.