Вести Свет

Во пожар во болница со ковид пациенти во Романија загинаа 10 луѓе

Сподели:

 

Најмалку десет луѓе загинаа во пожар што денеска изби во болница на северот на Романија, каде се лекуваат и пациенти заболени од корона вирусот, соопштија локалните власти.

Седум пациенти се повредени, меѓу кои има и со повреди опасни по живот.

Од службата за вонредни ситуации на северниот романски регион Неамт наведоа дека пожарот зафатил две соби во болницата во која се лекуваат пациенти со Ковид-19, пренесе Ројтерс.

Ројтерс наведува дека пожарот е изгаснат и дека засега не е познато од што бил предизвикан.

 

Сподели: