Пожар во „Макстил“ – горело отпадно железо

Сподели

Вчера во 21:30 часот бил пријавен пожар во кругот на депото за старо железо во Макстил АД Скопје. Тоа во текот на ноќта создаваше непријатна миризба во Скопје.

Во гаснењето на пожарот се вклучија екипите на скопската противпожарна единица, екипите на ЈП Водовод и канализација, како и специјално возило од АД Окта.

Пожарот беше ставен под контрола рано утрово.

Фотографиите и видеото се од Фејсбук профилот на градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски.