Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Ковачевски: Францускиот предлог не е прифатлив за нас!

Сподели:

 

“Францускиот предлог, ваков каков што е, е неприфатлив е за мене, за Претседателот на државата, за Владата, за коалиционите партнери и за граѓаните, доколку ние сакаме да почнеме преговори во јуни. Никој не може без нас да направи ништо,” рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Брисел, по самитот ЕУ- Западен Балкан.

“Никој не може без наша согласност да ни наметне решение. Сега Европската Унија е на потег.”

Тој ги повтори црвените линии кои што ги истакна и пред заминувањето за Брисел, а тоа е чиста формулација на македонскиот јазик и заштита на македонскиот идентитет во преговарачката рамка. 

Сподели: