Познати учесниците на Евробаскет 2017

Сподели

thumbs_b_c_57982cfc725ed22a95734777e193fdb9

ИСТАНБУЛ (АА) – По шестото коло во квалификациите за Европското првенство во кошарка за 2017 година (Евробаскет 2017) познати се 11-те екипи којшто ќе учествуваат во финалето, јавува Anadolu Agency (AA)

На Евробаскет 2017 ќе учествуват екипите којшто во 7-те групи во квалификациите се позиционираа на првото место и четири екипи на второто место, Русија, Белгија, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Исланд, Германија, Полска, Велика Британија, Грузија и Украина.

Домаќините на првенството, Турција, Романија, Финска, Израел заедно со Шпанија, Литванија, Франција, Србија, Грција, Италија, Репубика Чешка, Летонија и Хрватска директно ќе учествуваат во овој турнир.

Првенството, на коешто ќе играат вкупно 24 екипи, ќе се одржи од 31 август до 17 септември 2017 година, а Турција ќе биде домаќин на натпреварите на една од четирите групи и на финалето.

Групите за Евробаскет 2017 ќе бидат утврдени на 22 ноември оваа година во Истанбул.