Познатиот комичар Влад Илич во ново, ексклузивно издание!

Сподели

 

На 2-ри Април во Public Room, публиката ќе има можност за прв пат да го види Влад Илич – младиот, талентиран, македонски комичар во своето оригинално издание – со комичниот материјал со кој настапува низ Англија!

Влад Илич повеќе од две години живее и твори во Англија каде активно настапува во многубројните клубови низ Лондон, а на неговиот талент не oстанаа рамнодушни и „ловците на таленти“ од популарната BBC каде настапи на настан организиран од популарната телевизија.

Влад се претстави пред македонската публика минатото лето со успешна мини турнеја низ Македонија организирана од Skopje Comedy, а оваа година тие го носат за прв пат да и се претстави на публиката во поинакво издание со ексклузивно шоу во Public Room на англиски јазик! За квалитетот на шоуто кое не смее да се пропушти говорат и освоените награди на Влад: King of the Gong – Comedy Store; Manchester Comedian of the Year; Soho, London One to Watch, Greenwich; London Max Turner Prize, Stockwell. 

Билетите можат да се набават на mktickets.mk и во продажната мрежа на МКТикетс низ републиката по цена од 500 денари.