Предметот “Поткуп” денеска продолжува

Сподели

Во Основен суд Скопје 1, на денешното рочиште за предметот „Поткуп“ треба да продолжи слушањето на разговорите од посебните истражни мерки (ПИМ).

Снимките кои ги обезбедил струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, од кои еден дел можеше да види јавноста на „Јутјуб“, почна на минатото рочиште, без присуство на јавноста. Заев и неговите адвокати побараа оваа снимка да биде презентирана јавно, бидејќи, според нив, снимката која беше објавена на „Јутјуб“, а со која се создаде впечаток дека Заев барал поткуп, е нецелосна.

 

Адвокатите на Заев побараа исказот на сведокот Сачевалиев од претходното рочиште да не биде прифатен како доказ во постапката. Тие сметаат дека судската постапка не може да се базира на неговиот исказ бидејќи тој бил агент-провокатор, односно бил инструиран да бара поткуп. За ова барање Судечкиот совет најави дека дополнително ќе се изјасни.