Алтернатива Вести Македонија Настани

Летен Академски Курс во организација на БЕСТ-Скопје повторно ова лето

Сподели:

 

Можноста за образовно надоградување и културен развој е сон на секој студент!

Искуствата од меѓународен карактер преку коишто студентите ги прошируваат нивните познанствата низ цела Европа, и воедно го надополнуваат своето стручно познавање во областа на нивните студии, се есенцијални за секој амбициозен студент!

 

Токму затоа БЕСТ Скопје, преку настани каков што е Летниот Академски Курс, се труди да им обезбеди на студентите формативни искуства во полето на образованието, културата, социјалниот живот и личниот развиток.  

 

БЕСТ (Борд на Европски Студенти по Технологија) претставува непрофитна и неполитичка организација, која на студентите им овозможува комплементарно образование преку организирање на курсеви, технички натпревари, едукативни симпозиуми, тренинзи и размени на студенти. Исто така, БЕСТ Скопје создава можности за запознавање и влез на студентите во пазарот на трудот со организирање на саеми за вработување и кариера, работилници, и воедно водење на интернационален центар за кариера.

БЕСТ Скопје е дел од многубројна фамилија на студентски организации низ цела Европа! Дел од активностите на организациите е приредување на Курсеви, коишто се случуваат секое годишно време и имаат за цел да го надополнат знаењето на студентите од техничките факултети. 

Летниот Академски Курс, кој ќе се случува во Скопје, е меѓународен настан кој брои околу 30 учесници – од кои половина од нив се од различни држави низ Европа! 

 

 

За време на овој 9 дневен настан ќе се одржат предавања на теми од областа на енергетската ефикасност и одржливоста од страна на искусни професори од Градежниот Факултет и Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии во Скопје и струучни предавачи од врвни компании.


Летниот Академски Курс ќе трае од 10 јули до 18 јули, а на самиот крај учесниците ќе полагаат завршен испит преку кој се стекнуваат со соодветен сертификат.

Убавината на ЛАК е во тоа што се состои не само од можности за образовно надоградување, туку културен развој и незаборавни дружби! За сите амбициозни студенти кои ја имаат преземено нивната иднина во сопствените раце, овој настан претставува шанса која не смее да се пропушти!

За сите студенти при УКИМ коишто сакаат да бидат дел од овој незаборавен настан, тогаш можете да не контактирате на нашите социјални медиуми:

Facebook: https://www.facebook.com/bestskopje 

Instagram: https://www.instagram.com/bestskopje/

 

 

Сподели: