ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во целата земја ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој во текот на денот ќе се преместува кон исток. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 20 степени, Крива Паланка 19 степени, Маврово 13 степени, Охрид 16 степени, Битола 17 степени, Кавадарци 21, Берово 18, Дојран 22 степени.

И во наредните три дена времето ќе биде облачно, малку посвежо, со повремени врнежи од дожд и грмежи и дневни температури од 14 до 24 степени.