Вести Македонија

Преговорите завршија, партиите не постигнаа договор

Сподели:

orav

Завршија маратонските преговори на претставниците на политичките партии во резиденцијата на Европската Унија во Пржино, договор ниту денеска не е постигнат, јави „Нова тв“.

Како што изјави амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, договор не е постигнат само поради едно прашање, но ниту по инсистирањето на новинарите тој не откри за кое прашање станува збор.

Неофицијално партиите не можат да се договорат околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи.

Орав во изјава по средбата рече дека направена е значајна работа, постигнат бил договор околу сите прашања освен за едно и изрази надеж дека преговорите за тоа прашање ќе продолжат што е можно поскоро.

Од преговарачките тимови се дознава дека ВМРО-ДПМНЕ е за формирање преодна влада 60 дена пред изборите, додека СДСМ бара доколку изборите се одржат годинава, владата да се формира 100 дена пред изборите. Ако, пак, се одржат заедно со локалните избори во 2017 година, СДСМ предлага извршното тело да функционира шест месеци пред денот на гласањето.

Четирите партии засега се согласни да нема трет избирачки список, туку 40.000 спорни гласачи да се проверуваат прво теренски, а потоа самите да се пријават во Државната изборна комисија. Ако не се пријават до одреден временски период, тие ќе бидат избришани.

Сподели: