Православните денеска го слават Велики четврток – почнуваат велигденските празници

Сподели

 

Православните христијани, кои се придржуваат до (стариот) јулијански календар, денес го слават Велики четврток.

Празникот е еден од деновите издвоени за причест на верниците кои, почитувајќи го православниот канон, постеа на вода барем последните пет дена. На литургиите, верниците се причестуваат со леб или нафора – тело Христово и вино, што е симбол на неговата крв пролеана за спасение на човечката раса.

Верниците кои се придржуваат до правилата на постот, во првата и последната недела, не јадат дури ни риба, туку друга храна за постење, подготвена на вода, без масло. На Велики петок, дури е пожелно да не се јаде ништо цел ден. На литургијата на Велики четврток се осветуваат и подготвуваат причесни дарови за болните, кои се чуваат на чесните трпези во текот на целата година.

На овој ден се вапсуваат велигденските јајца. Понекогаш боењето јајца трае три дена, до Велики петок и Велика сабота, и тоа само наутро.

Велигденските леб е обреден леб и се украсува со непарен број велигденски јајца.Велат исто така, дека на полноќ на Велики Четврток небото се отвора, за да слезат кај своите блиски душите на мртвите, кои остануваат на земјата 40 дена. Во минатото на Велики Четврток луѓето ги осветувале новите домови.

Велики Четврток е нарекуван уште – чистиот четврток и во верски план е запишан од клучни библиски моменти. На Велики Четврток се одржала Тајната вечера, на овој ден Христос упатил молитва кон Бог Отецот во Гетсеманската градина и денес настанало предавството на Јуда.