Вести Македонија Ударни вести

Прекината свадба во струмичко со 300 гости – следуваат кривични пријави

Сподели:

 

Во текот на вчерашниот ден, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син, на која присуствувале околу 300 гости, со што постапиле спротивно на член 206 од Кривичниот законик.

Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. За настанот бил известен Јавен обвинител, соопштуваат од МВР.   

Сподели: