Премиерот на Косово Харадинај поднесе оставка

Сподели

 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска на прес конференцијата во Приштина, поднесе оставка.

Харадинај потенцираше дека причината за неговата оставка е повикот од судот во Хаг, да се јави како осомничен иако негираше дека е формално обвинет, туку дека повикот до него е да се пријави и да биде сослушан во својство на осомничен.

Според него, косовскиот претседател треба да ги започне консултациите со парламентарните партии и да ги закаже новите избори.

“ На тие избори, ќе се кандидираме и јас и мојата партија, но не можев да ја водам земјата во оваа ситуација, затоа што тоа би ја отежнало позицијата на Косово” – изјави Харадинај.