Премиерот Заев ја потпиша оставката: Очекувам целиот процес да оди без никакви проблеми

Сподели

 

Премиерот Заев утрово на својот фб профил објави дека ја потпишал оставката, по што се очекува претседателот на Собранието да свика пленарна седница на која ќе биде констатирана оставката.

Заев во емисијата „Утрински брифинг“ изјави дека очекува целиот процес да оди без никакви проблеми. Техничката влада е според таканаречниот „Пржински модел“ кој прв пат е применет за изборите во 2016 година.

Собраниската седница треба да се одржи пред полноќ, за да може новата влада од утре да почне да функционира.

Шефот на државата Стево Пендаровски треба мандатот за формирање техничка влада да му даде на министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски по што Собранието до полноќ треба да го потврди новиот кабинет во кој опозицијата има две министерски места и тројца заменици министри.