Претрес во Дебар, пронајдени пиштол „Пиетро Берета“ и муниција

Сподели

На 30.04.2025 во 16 часот полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода С.Т.(39) од Дебар. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол „Пиетро Берета“ калибар 7,65 милиметри, рамка со 10 куршуми калибар 7,65 милиметри и 46 други куршуми за пиштол, без никаква документација.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.