ЦИПРАС: Tреба да се најде име што ќе има географска или временска одредницa

Сподели

 

-Го поздравуваме прифаќањето од ПЈРМ дека решението на името не може да постои без усвојување на ерга омнес име, односно за севкупна употреба. Сепак, ги охрабруваме нашите соседи да продолжиме заедно да работиме на изнаоѓање на заемно прифатливо решение со географска или временска одредница токму како што предвидува пакетот предлози што ги достави специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, пишува во соопштението од кабинетот на Ципрас и уште еднаш е повторена грчката позиција дека решението и сето она што се однесува на отстранување на иредентизмот, треба да биде гарантирано со уставна ревизија, –  јави дописничката на МИА од Атина

Поголемиот дел од грчките опозициски партии, како што веќе објави МИА го отфрлија името „Илинденска Македонија“ бидејќи сметаат дека не го елиминира иредентизмот.