Претседателот Иванов контра премиерот Заев!

Сподели

Откако пред еден месец порталот Денес магазин објави дека летово во Скопје во организација на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, ќе се одржи Петтата светска средба на децата бегалци, на која премиерот Зоран Заев прифатил да биде покровител, деновиве беше емитувана информацијата дека иста таква Средба, во истиот период ќе организирало Здружението “Mакедон”(Попадинци), познато во јавноста по блиската соработка со претходниот режим и финансирањето на некои од спомениците во проектот Скопје 2014. Претставници на ова здружение биле примени од шефот на државата Ѓорѓе Иванов, кој што го поздравил одржувањето на оваа манифестација и ветил целосна поддршка на нејзината организација.

Како што е познато, Првата светска средба беше одржана во 1988 година, во Скопје и на неа присуствуваа околу 5.000 учесници од сите држави во светот. Нејзин организатор беше здружението на децата бегалци од Скопје, заедно со истоимените организации од Канада, САД и Австралија. И покрај противењето на тогашното југословенско раководство, Средбата беше поддржана од страна на македонскиот политички и државен врв, кои што во полн состав се појавија на нејзината Свечена академија.

До сега беа оддржани четири такви средби, а последната Четврта светска средба се одржа во 2008 година, во Скопје, под покровителство на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски.

Организатор на оваа хуманистичка манифестација беше Здружението на децата бегалци, чие главно мото беше “Осуда на војните и политичкиот прогон на децата!“