Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓеоргиевска вчера присуствуваа во Вестминстерската сала во Лондон, каде е изложен ковчегот со посмртните останки на кралицата Елизабета Втора.
Пендаровски на својот фејсбук-профил објави видео на кое се гледа како тој со сопругата оддаваат почит пред посмртните останки на кралицата.
„Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија“, напиша Пендаровски.


