Претседателот Пендаровски упати честитка до припадниците на Влашката заедница

Сподели

 

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, упати честитка до припадниците на Влашката заедница по повод одбележувањето на 23. мај, Националниот ден на Власите.

Ми претставува особено задоволство, мојата прва празнична честитка, како претседател на Република Северна Македонија, да ја упатам до припадниците на влашката заедница по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите. 

Токму на овој датум, пред 114 години, во рамките на Отоманското Царство беше признаена етничката, културната и јазичната посебност на Власите. Со тоа Власите и формално добија потврда на својата историска посебност и можност да ја зацврстат својата етничка самобитност и да ја развиваат сопствената култура и традиција.

Би сакал да ја искористам оваа прилика како претседател на сите граѓани да ви се заблагодарам за вашиот несебичен придонес за градењето на заедништвото и меѓусебното почитување во мултикултурна и мултиетничка, демократска Република Северна Македонија. Заедно, обединети, да продолжиме да градиме едно општество за сите и ревносно да придонесуваме за благосостојба и за  просперитет на нашата заедничка татковина. 

Нека е честит 23.мај, Националниот ден на Власите.” – изјави претседателот Стево Пендаровски.