Природните непогоди во САД достигнаа трошоци од рекордни 306 милијарди долари во 2017 година

Сподели

Природните непогоди во САД достигнаа трошоци од рекордни 306 милијарди долари во 2017 година, која ја одбележаа пожари, урагани, поплави, торнада и суша.

Американската Државна управа за океани и атмосфера, соопшти дека во САД лани имало 16 природни катастрофи, кои причиниле штета поголема од една милијарда долари, а толку имало и во 2011 година.

Во извештајот се наведува дека само ураганот Харви, кој ја погоди државата Тексас, предизвикал штета во износ од 125 милијарди долари. Шумските пожари кои го зафатија западниот дел на САД, земјата ја чинеле околу 18 милијарди долари.