Вести Македонија Ударни вести

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Германија

Сподели:

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија.

Пендаровски ќе има одвоени билатерални средби со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас.

При посетата, претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на институтот „Аспен“ во Берлин.

Посетата на Пендаровски уследува по седницата на Европскиот Совет на која беше одлучено дека одлуката за доделување датум за почеток на преговорите на Македонија да се донесе на следна средба, најдоцна до октомври годинава.

Сподели: