Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти

Сподели

 

Полициски службеници од Секторите за внатрешни работи Тетово и Штип во текот на вчерашниот ден (17.09.) реализираа низа превентивни активности од области важни за локалната заедница и генерално од општ јавен интерес.

Така, на подрачјето на СВР Тетово беше спроведена активност за превенција од имотни деликти (кражби и измами) со посебен нагласок на информирање на граѓаните за начините за заштита од имотни деликти и за неопходноста од благовремена комуникација со полицијата за побрзо расчистување на случаите.

На подрачјето пак, на СВР Штип, Отсекот за превенција при СВР Штип пред спортската сала на ОУ„Тошо Арсов“ и Градскиот стадион во Штип, спроведе превентивна активност во рамки на проектот ,,Да навиваме спортски и безбедно“. Во текот на активностите беа поделени и летоци со едукативна содржина, а на граѓаните им беше укажано дека не смее да се истакнуваат транспаренти, знамиња и други предмети со текст или слики што поттикнуваат омраза и насилство и дека за својот клуб треба да се навива спортски. На граѓаните им беа презентирани и основните законски одредби за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.