Вести Македонија Ударни вести

При акциска контрола МВР санкционира 111 возачи за непрописно престигнување

Сподели:

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување, прекршок кој е меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици.

На територијата на целата држава санкционирани се 110 возачи за непрописно престигнување. Санкционирани се и 252 други прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Сподели: