Uncategorized

Пристигна и последната пратка на „фингерпринт“ апаратите за локалните избори

Сподели:

 

Денеска пристигна и последната пратка од терминалите за гласање на претстојните локални избори, соопштија од ДИК.

За прв пат на овие локални избори гласачите ќе се идентификуваат со читач на отисок од прст во земјата, кои, вовед во он-лине гласањето за во иднина.

Што се однесува до условите за гласање на болните и изнемоштените лица, чиј рок за пријавување за гласање истекува вечерва, тие нема да се контролираат преку терминали туку тие ќе гласаат како порано со УВ ламба и спреј.

Во тек се подготовките, проверките и обуките на членовите на комисиите и избирачките одбори на овие уреди. Уште една недела остана до изборите а од ДИК велат дека се ќе биде подготвено за 17 октомври, односно за Денот на изборите.

Гласањето треба да се одвива по следниот редослед: Со отпечаток од показалец од десната рака на уредот започнува постапката на гласање на локалните избори. Зелен сигнал за оној кој гласа, жолт за несовпаѓање на отпечатоците од прсти, црвен доколку уредот алармира дека гласачот претходно гласал. ДИК веќе го презентираше начинот на кој ќе се употребуваат терминалите за отпечатоци на прсти.

Со терминалите ќе управуваат претседателот и заменик претседателот на Избирачкиот одбор. На секои 2 часа уредот ќе принта извештај за вкупниот број лица кои гласале на избирачкото место. Уредот не е поврзан со интернет, со што се избегнати опасностите од хакерски упади во врска со податоците на гласачите, кои се криптирани.

Во случај терминалот да се расипе и да не може да се замени со друг, избирачките одбори ќе имаат резервна варијанта, ќе користат УВ ламба и спрејови. Како што наведуваат од ДИК, 34 избирачки места имаат проблеми со струјата и во тек се преговори со ЕВН да се отстранат сите дефекти за да може непречено да се одвива изборниот процес на 17 октомври. Инаку, уредите работат на батерии кои ќе се полнат во текот на денот. Кога гласањето ќе заврши уредот за натамошна идентификација се деактивира, по што тој нема да може повторно да се активира.

-Доколку се случат одредени прекини во гласањето, гласачкиот ден ќе продолжи за толку колку што траел прекинот, како што предвидува Законот за сите изборни циклуси досега. Верувам дека гласањето ќе помине без проблеми, и не очекувам зголемн метеж на гласачките места поради фактот што за прв пат на избори се употребуваат апарати за отпечатоци на прсти, и за кои во упатството за нив, предвидено е потребното време за гласање, појаснува Даштевски.

Сподели: