Вести Македонија Ударни вести

Пристигна нова пратка од 12.870 дози вакцини „Фајзер“

Сподели:

 

Денеска пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“ во државата, информираат од Министерството за здравство.
 
Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од, кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).
 
 
 
 
Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Astra Zeneca. Оваа донација е многу значајна за нас.
 
 
 
 
Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос.
 
Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек.
Сподели: