Пристигнаа 30.000 вакцини „Синовак“ донација од Турција

Сподели

 

Денес пристигнаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

 

 

“Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата”, изјави министерот.