Алтернатива Настани

Проектот „Креираме заедно“ ја разбуди креативноста на децата со пречки

Сподели:

Фотографии и видеозаписи изработени од ученици со и без попреченост беа преставени пред тетовската публика во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово, во рамки на проектот „Креираме заедно“.

-Станува збор за фотографии и за видеозаписи кои, меѓу другото, се изработени и од деца од инклузивни училишта од Струмица, Тетово и од Скопје. Добивме одлични записи – објасни Мимоза Петровска, претседателка на „Сината птица“, здружение за подршка на деца и млади со различности, кое беше вклучено во проектот подржан од Европската Унија и од УНИЦЕФ.

Целта на проектот е уште повеќе да ја разбуди креативноста на децата со пречки, вели модераторот на денешниот настан, Драги Неделчевски.

-Јас имам дете со попреченост и знам колку е важна креативноста кај овие деца. Многу луѓе сметаат дека ако некои деца имаат пречки, не треба ова или она да го работат или, пак, не се креативни. Напротив, со овој проект се уверивме дека овие деца се креативни и треба повеќе да се работи со нив на вакви проекти – изјави Неделчевски.

„Креираме заедно“ е дел од проектот „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инкузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“, финасиран од ЕУ, а ко-финасиран и спроведен од УНИЦЕФ.

 

Сподели: