На 4 декември, на малата сцена во МНТ, со почеток од 19 часот, ќе се одржи промоција на „Александар јава на запад“, новиот роман од Венко Андоновски.
Промотори ќе бидат проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и Ерол Ризаов. Андоновски е автор, меѓу другото, на 2 книги поезија, 3 книги раскази, 5 романи, 1 прирачник за креативно пишување, 18 изведени театарски пиеси и 1 сценарио за игран филм. И покрај целиот овој опус, „Александар јава на запад“ не припаѓа во ниту една од овие категории. Станува збор за фасцинантна фарса и ведра гротеска напишана со брутална смелост и пародиски означена со жанрот „чекајќи роман“. Промоторите, како познати домашни ерудити, ќе ни го доближат романот користејќи го своето познавање на творештвото на Венко Андоновски и на домашната литература, како и на нејзиното влијание врз читателите и воопшто во општеството.
Со очекување дека оваа книга ќе стане популарна како неговите претходни остварувања, ве каниме на незаборавна промоција – каква што е и оваа книга!


