Промоција на книга „Улогата и значењето на традиционалните методи…“ од м-р Елисавета Марковиќ

Сподели:

Промоција на стручен прирачник за заштита и дигитализација на архивското наследство од М-р Елисавета Марковиќ, со стручен прирачник за конзервација и реставрација на архивски материјали и нивната улога во процесот на дигитализација.

На 1 октомври 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во локалот „Треска“ – Скопје, ќе биде промовиран стручниот прирачник на м-р Елисавета Марковиќ, посветен на конзервацијата и реставрацијата на архивските материјали и нивното значење во современиот процес на дигитализација.

Прирачникот ја обработува важноста на стручната и непосредна заштита на оригиналните архивски материјали како основа за нивно безбедно и квалитетно дигитализирање.

Посебно внимание е посветено на поврзаноста меѓу физичката заштита на оригиналот, зачувувањето на неговата автентичност и создавањето квалитетни дигитални копии. Преку практичен и стручен пристап, публикацијата има цел да придонесе кон современото разбирање на заштитата на архивското културно наследство, неговото зачувување и обезбедувањето поширок пристап до архивските содржини за идните генерации.

Промоцијата ќе биде можност за претставување на публикација која ги поврзува традиционалните конзерваторско-реставраторски постапки со современите предизвици и можности што ги носи дигитализацијата на архивското наследство. со размислување за воведување на вештачката интелегенција како дел од современите текови за заштита на културното наследство.

Промотор на стручната публикација е д-р Лилјана Ковачовска, советник конзерватор Раководител на централната лабораторија при Музеј на Македонија.

Рецензенти д-р Валентина Поцеска, советник-конзерватор при Национален конзерваторски центар и м-р Дафинка Балабанова Алексова, виш конзерватор

Сподели: