Алтернатива Настани

Промоција на книгата за деца „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“

Сподели:

Промоција на книгата за деца „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“ на 23. декември, и дружење со авторката Јасмина Кантарџиева Димков

Илустратор: Ивица Спасовски
Промотор: Билјана Црвенковска

Краток опис на книгата:
Дикси, Тајсон, Иза, Леа, Макс, Ситни, Буцко, Бели, Буч и Брзи се десет неразделни пријатели, десет мили и весели кучиња од една мошне добро позната населба – Тафталиџе 1.
Ја знаете, нели?

Животот во Тафталиџе 1 тече мирно и безгрижно…
Кучињата секојдневно се дружат и шетаат по познатите улици „Виенска“, „Букурешка“, „Париска“, „Прашка“, „Лондонска“, „Варшавска“, „Хелсинки“, а маалото е полно весели кучешки лаежи.

И сè би било совршено, да не е тука Страшилото и неговите миленици, бандата мачки…

Сподели: