Промоција на романот „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски

Сподели:

Промоција на романот „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски во Бистро Комедија (бистро на Театар Комедија), на 25.03.2026, во 18 часот.

„Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски е несекојдневен роман од повеќе причини. Ако ништо друго, барем од причина што ретко се случува во книжевноста времето како физичка категорија да е главен лик.

Токму ова се случува во оваа книга, а нам ни преостанува да му дадеме неколку дена „време“ на времето да ни ги одговори прашањата што ни ги наметнува авторот. Па, токму поради својата несекојдневност, овој роман заслужува и несекојдневна промоција.

Се гледаме на овој необичен настан преплетен со мала доза пантомима, голема доза книжевност, одлична музика и супер дружба.

Со авторот Ѕвездан Георгиевски разговара Војо Љ. Цветановски
Пантомимичарска точка: Дарко Вељиќ
Музика: Диџеј Шурбе 

Сподели: