Промоција на „РОНЛИВА“ од Милена Сиљаноска

Сподели

 

„Ронлива“ е поетски роман кој протекува преку внатрешниот шепот на главниот лик. Еден громогласно тивок глас се шири како ехо низ страниците. Текстурата на оваа книга е нежна, но изгравирана со длабоки гребнатини од остар предмет, по тело кое длабоко чувствува, кожа со засеци наполнети со густ и монохромен колорит. Романот ќе го промовира Виолета Танчева-Златева, која низ разговор со авторката ќе проникне во неговата содржината.

Милена Сиљаноска оваа година со поетскиот ракопис „Болопадание“ ја освои наградата „Антев златник“ на Меѓународната поетско-културна манифестација „Антево перо“. Досега повеќепати има објавувано поезија во студентскиот весник „In medias res“, во списанијата „Современост“, „Зенит“, „Литературни искри“, „Елементи“, „Е-лит“. Работи како уредник во Издавачкиот центар ТРИ. 

Во своите ракописи опфаќа најразлични теми што зачнуваат егзистенцијални и клучни прашања за времето, судбината, животот и самата смисла на постоењето.

Од ТРИ покануваат на уште еден настан од книжевната ризница на домашната литература.