Промоција на „Ситна боранија“ – поетска книга на Јовица Ивановски

Сподели:

Промоцијата ќе се одржи во понеделник, на 15-ти декември, со почеток во 20 часот, во ЛАБОРАТОРИУМ, на нова локација (12 Македонска Ударна Бригада бр. 2а, на паркингот позади старата Градска болница – стар Јукан).

Книгата ќе ја промовираат Владимир Јанковски и Сашо Гигов-Гиш.

Jовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на дваесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019). 

Сподели: